Ова е признание за мене и мојата работа, но е и порака до власта, рече Милановиќ во победничкиот говор

Победата во вториот круг од претседателските избори ја гледа како признание за неговата досегашна работа, но смета дека е и порака до власта, рече вчеравечер во неговото обраќање хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако според резултатите беше очигледно дека убедливо го победи кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, освојувајќи повеќе од 74 отсто од гласовите.

„Ова е голем ден за мене, оваа победа ја гледам како признание и одобрување на мојата работа“,рече тој.

Посочи дека им подава рака на оние што ја имаат извршната власт и за кои посочи дека 99 отсто се виновни за она што се случува во државата.

„Испративме порака до оние што требаше да ја слушнат. Има уште една категорија на наши граѓани, исти како овие овде , и тие гласаа за мене. Ве молам дајте ми голем „аплауз за членовите на ХДЗ“вели Милановиќ.

Додаде дека ќе продолжи да се раковиди според Уставот, дека тоа е неговата програма, за која рече дека се согласуваат и оние што му ја дадоа довербата.

Според него, должност му е да биде рамноправен во прашањата за надворешната политика, одбрана и националната безбедност.

„Ќе бидам врховен командат, не рамноправен, туку најодговорен, бидејќи така вели Уставот“ рече тој.

Во својот говор им се заблагодари на сите хрватски граѓани во земјата и во странство, но посебно ги спомена Хрватите во Бих, но и припадниците на националните малцинства, посочувајќи дека Хрватска секогаш ќе биде нвна татковина.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на изборите беше поддржан од партијата Социјалдемократска партија (СДП) и коалицијата.

Вчера убедливо го победи кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац во вториот круг од претседателските избори.

Според хрватската Државна изборна комисија, по обработени 99,59 отсто од избирачките места, Милановиќ освои 74,67 отсто од гласовите, а кандидатот на ХДЗ и коалицијата, Драган Приморац 25,33 отсто.

За Милановиќ ова е втор мандат. Тој е петти претседател на Хрватска откако ја презеде функцијата во февруари 2020 година.

Back to top button
Close