Струјата во Македонија поскапа отколку во Црна Гора и БиХ, покажуваат податоците на Евростат
Домаќинствата во Македонија плаќаат 11,6 евроценти за 100 киловат-часови електрична енергија, со што земјава е меѓу државите со највисоки цени на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Евростат за првата половина од 2026 година.

Според статистиката, најскапа струја во регионот имаат Србија и Албанија, каде што цената изнесува по 11,9 евроценти за 100 киловат-часови. Македонија е веднаш зад нив, додека во Црна Гора цената е 10,3, а во Босна и Херцеговина 9,9 евроценти.
Во првите шест месеци од 2026 година цените на електричната енергија во земјите од Западен Балкан останале речиси непроменети, со незначителни зголемувања.
Полугодишниот извештај на Евростат ги опфаќа домаќинствата со годишна потрошувачка од 2.500 до 4.999 киловат-часови. Покрај номиналните цени во евра, агенцијата ги споредува и трошоците според стандардот на куповна моќ, показател што ги зема предвид разликите во реалната куповна моќ на граѓаните.
На европско ниво, најголем раст на цените изразени во националните валути е забележан во Романија, додека најголемо намалување имало во Данска.






