Британска министерка поднесе оставка поради врски со нејзината тетка, соборената премиерка на Бангладеш

Секретарката за економија во британското Министерство за финансии, Тулип Сидик, поднесе оставка поради врските со нејзината тетка, премиерката на Бангладеш Шеик Хасина, која беше сменета минатата година по неколкунеделни протести.

Сидик, која беше одговорна за борба против корупцијата, беше спомената минатиот месец во антикорупциска истрага во Бангладеш против Хасина, бидејќи семејството Сидик било вмешано во посредување во договор со Русија од 2013 година за нуклеарна централа во Бангладеш во кој биле проневерени големи суми пари.

Секретарката се соочи со дополнителни прашања во врска со нејзините врски со владата на нејзината тетка, откако Сандеј тајмс и Фајненшл тајмс објавија дека таа користела два стана во Лондон кои и ги дале соработници од поранешната владејачка партија на Хасина, Авами лига.

Премиерот Кир Стармер беше под зголемен притисок да ја отстрани Сидик од функцијата бидејќи живее на имоти во Лондон поврзани со нејзината тетка Хасина.

l

Стармер рече дека му е жал што Сидик си заминува, иако „нема прекршување на министерскиот кодекс и нема докази за финансиски неправилности“.

Советникот на премиерот Лори Магнус рече дека Сидик не ги прекршила министерските стандарди, но со оглед на нејзината улога во владата, „за жалење е што таа не била повнимателна за потенцијалните ризици за репутацијата и за неа и за владата што произлегуваат од поврзаноста на нејзиното блиско семејство со Бангладеш

Back to top button
Close