Фон дер Лајен добитник на наградата „Карло Велики“ за единство на земјите од ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е добитничка на меѓународната награда „Карло Велики“, меѓу другото и за нејзините заслуги во зајакнувањето на единството на земјите-членки на Европската унија, објави денеска Управниот комитет за доделување на наградата.

Фон дер Лајен ја доби наградата за „услуги во единството на земјите-членки, за спречување на пандемијата (коронавирус), за единство во решеноста на ЕУ да се брани од Русија и за поттикот кон Зелениот договор, изјавија од Управниот одбор.

Таа ја персонифицира Европа. Таа е моќниот глас на Европа на светската сцена. Таа е таа што има сила да ги застапува интересите на Европа и нејзините сојузници во овие историски времиња“, се наведува во образложението за доделувањето на наградата.

Back to top button
Close