Вучиќ го пофали Трамп за примирјето во Газа

Многу е важно што е постигнат договор за мир на Блискиот Исток, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој го пофали новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за неговата улога во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Хамас.

„Длабока почит кон Доналд Трамп за обезбедувањето прекин на огнот и ослободувањето на заложниците пред тој официјално да ја преземе функцијата. Исто така, почит кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. Вашиот придонес за мирот е за пофалба“, рече претседателот на Србија.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман во средата навечер објави дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, истакнувајќи дека неговата примена ќе започне оваа недела.

Прекинот на огнот доаѓа по 467 дена континуирани израелски напади врз Газа. Од 7 октомври 2023 година, повеќе од 46.700 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во Појасот Газа

Back to top button
Close