Барселона повтори клупски негативен рекорд
Барселона синоќа ремизираше со Хетафе (1:1) во 20. коло од шпанското фудбалско првенство.
Каталонците со овој примен гол го изедначија клупскиот анти-рекорд во Ла Лига. Имено, Барселона деветти натпревар по ред им дозволува на противниците да ја затресат мрежа. Последен пат тоа се случи во 2018 година под водство на тренерот Ернесто Валверде.
Барселона е трета на табелата во Ла Лига со 39 бодови, пет бода помалку од лидерот Атлетико.
Хетафе е на 16. место со 20 бодови