Верстапен пресреќен за доаѓањето на Клоп во ред Бул

 

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен е среќен поради ангажманот на поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.

– Макс ме замоли да го поканам Клоп на трка за да разговара со него. Тој е голем фудбалски љубител и кога слушна дека Јирген Клоп ќе се приклучи на семејството на Ред Бул, беше пресреќен. Еден од неговите најдобри пријатели е Вирџил ван Дијк, капитенот на репрезентацијата на Холандија и долги години еден од клучните играчи на Јирген Клоп во Ливерпул, изјави Марко, за „Racingnews365“.

Претходно беше објавено дека Клоп ќе биде одговорен за развојната стратегија на клубовите РБ Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс и другите тимови од франшизата.

Педесет и седумгодишниот Германец започна со работа на 1 јануари оваа година.

Back to top button
Close