Синер не му замерува на Ѓоковиќ што го поддржува Зверев

Се крена голема „прашина“ за јавната поддршка на Новак Ѓоковиќ за Александар Зверев пред финалето на Австралија опен со Јаник Синер.

Сепак, главниот актер на овој меч и играч број еден во светот не му се лути на Ѓоковиќ за оваа изјава, туку напротив застана на негова страна, по нападот од Италијанската тениска федерација.

Имено, оваа изјава стигна и до Анџело Бинаги, претседател на Италијанската тениска федерација, кој изрази незадоволство од коментарите на Ѓоковиќ и ги окарактеризира како „голем пад“ за српскиот тенисер.

-Новак и Зверев се пријатели и се познаваат долго време. Нема злоба кон мене, се е во ред. Знам дека Зверев имаше и други шанси да освои Гренд слем турнир, се може да се случи во недела. Јас само размислувам да дадам се од себе, рече Синер.

Финалето меѓу Синер и Зверев се игра во недела од 9:30 часот

Back to top button
Close