Нов трансфер на Гвардиола: Манчестер Сити подготви 60 милиони евра за играч на Порто
Манчестер Сити е пред уште еден сериозен потег во јануарскиот преоден рок, откако според последните информации на Фабрицио Романо, „граѓаните“ решиле да ја активираат откупната клаузула на Нико Гонзалес од Порто.
Играчот од средниот ред на „змејовите“ има ослободителна клаузула во договорот вредна 60 милиони евра. Гонзалес ја напушти Барселона во 2023 година поради жестоката конкуренција во средниот ред, и покрај тоа што доби минутажа под водство на Чави. Претходно играше како позајмен во Валенсија, но не сакаше да остане таму, што му даде шанса на Порто да го ангажира за 8 милиони евра.
Доколку Сити ја финализира зделката, португалскиот клуб ќе добие 36 милиони евра, а Барселона 24 милиони. Оваа сума би можела да им помогне на Каталонците во евентуалниот обид да го ангажираат Маркус Рашфорд на позајмица до крајот на сезоната.