Ал-Итихад работи на трансфер на Де Јонг

Поранешниот технички директор на Барселона, Рамон Планес, кој моментално е на иста позиција во саудиски Ал-Итихад, ја истражува ситуацијата за потенцијален трансфер на Холанѓанецот Френки де Јонг.

Играчот од средниот ред е во деликатна ситуација околу договорот со Барселона, а клубот од Саудиска Арабија сака да го ангажира.

Пред една недела Планес призна дека разговарал со неколку играчи од каталонскиот гигант.

-Ваквите разговори за трансфер пазарот се вообичаени. Френки е среќен во Барселона, тој е целосно прилагоден таму, па ако работите одат добро, тешко му е да најде подобар тим од Барселона. Мојата работа е да прашувам детали за играчите и можностите на пазарот, објасни Рамон Планес за „Еспортс Копе“

Во исто време, Ал-Итихад потпиша со вториот капитен на Барселона, Унаи Ернандез, а 19-годишниот фудбалер ги напушти Каталонците за 4,5 милиони евра, плус 500 илјади бонуси.

-Преговорите не беа лесни. Сите страни ја разбраа ситуацијата. Ова е многу важен чекор за него, рече Планс за Хернандез.

Back to top button
Close