(ВИДЕО): Соборен светски рекорд во трчање на 3.000 метри

Во тесна трка, Американскиот атлетичар Грант Фишер постави нов светски рекорд на трката на 3.000 метри во сала.

Дваесет и седумгодишниот Фишер ноќеска на 117. Игри на Милроуз, патеката од 3К ја истрча за 7 минути и 22,91 секунди. Тој го собори светскиот рекорд поставен во февруари 2023 година од Ламече Гирме од Етиопија (7.23.81).

Уште еден Американец, Кол Хокер, исто така го премина претходниот рекорд, освојувајќи го второто место во конкуренцијата – 7 минути 23,14 секунди.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close