Гил: Кога ќе ја има целосната слика за американските царини, ЕУ ќе го презентира својот одговор
Европската Унија се уште нема детали околу одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум во САД и засега не може да даде информации за конкретните чекори што ќе ги преземе, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.
– Ја имаме извршната наредба од претседателот Трамп, но нашите американски колеги не објавија детали за мерките, така што се уште има многу нејаснотии, истакна Гил.
Тој додаде дека ЕУ засега нема „целосната слика“ за тоа кои производи ќе бидат опфатени со ваквите „трговски мерки“ и затоа нема да навлегува во опис на можните одговори на блокот.
– Кога ќе ја знаеме целосната свиња и ќе земете се во предвид, ќе се консултираме со нашите земји членки и ќе го разгледаме економското влијание врз нашата индустрија, врз нашите граѓани и врз нашите компании, ќе одговориме. Сега се уште ја немаме целосната слика, истакна Гил.
На прашање дали е можно некоја од земјите членки да преговара со САД за да обезбеди некакви отстапки од најавениот царински режим, Гил потенцира дека трговијата е во ексклузивна надлежност на ЕУ, земјите членки не можат сами да преговараат за ова прашање со трети страни.
– Причината зошто земјите членки одлучија да ја доделат ова надлежност на европско ниво на Комисијата е затоа што имаме помоќна позиција на глобално ниво ако дејствуваме заедно. Очекуваме земјите членки да го имаат на тоа ум кога ќе почнат да излегуваат со своите реакции во наредните недели, истакна Гил.
Тој додаде дека ЕУ е во контакт со своите членки околу царините и најави дека за утре се предвидени разговори за оваа прашање на инцијатива на четири земји од Унијата во организација на Полското претседателство.
Според Гил, во врска со овие „многу важни прашања поврзани со трговијата“, ЕУ е во контакт со своите партнери ширум светот.
Се очекува прашањето за царините да биде меѓу темите за кои ќе се разговара на денешната средба на претседателката на Европската комисија, Урсула фин дер Лајен со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во Париз.
Контакти за оваа прашање со неговите колеги од САД најави и еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович, и, според Гил, тоа ќе се случи штом најавата за воведувањето на царините ќе биде целосно потврдена