Градоначалникот на Обреновац, Милорад Грчиќ утрово е уапсен во акција против корупцијата
Во акција во борбата против корупцијата денеска е уапсен градоначалникот на Обреновац, Милорад Грчиќ, јавуваат српските медиуми.
Според неговата официјална биографија, од 1992 година се занимава со приватно претприемништво, како сопственик и основач на приватни компании и кариерата како успешен претприемач ја продолжува веќе 19 години.
„Тој стана директор на рударскиот басен „Колубара“ во октомври 2012 година. Тој спроведе серија реформи во производството и управувањето со „Колубара“ РБ, што донесе најголеми заштеди во бизнисот во историјата на компанијата, гласи неговата биографија на веб-страницата на ЕПС.
Од октомври 2015 година е директор на Канцеларијата за корпоративна општествена одговорност и односи со локалните заедници во ЕПС. Назначен е за вршител на должноста директор на ЈП ЕПС на 15.03.2016 година.
Со политиката започнал да се занимава во 2004 година, а на локалните избори во септември истата година станал член на Собранието на општина Обреновац.
Како што пренесуваат медиумите, полицијата го уапсила Грчиќ по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека додека бил вршител на должноста директор на ЈП ЕПС, бил во контакт со соработници на тоа јавно претпријатие.
Покрај Грчиќ, во акцијата се уапсени уште десет лица