Загина пешак во Кичевско

Од МВР информираат дека доцна синоќа бил прегазен пешак на регионалниот пат во близина на кичевското село Колибари.

– На 11.02.2025 во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за село Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, Кичевско, удрило во пешак И.А.(66) од истото село – информираа од полицијата.

Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Back to top button
Close