Настап на џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод Светскиот ден на радиото
Утревечер (четврток, 13 февруари) во „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, со почеток во 21 часот ќе се одбележи Светскиот ден на радиото
На настанот, кој е во рамките на „Денови на литературата”, ќе настапи џез-составот Skopje Jazz Inc. Концертот ќе се пренесува во живо на добро познатата фреквенција на „Џез ФМ” – 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk.