Берлин: Минхенската конференција нема да донесе пробив за Украина

Германската Влада не очекува значителен напредок во дипломатските напори за Украина на Минхенската безбедносна конференција овој викенд.

– Нема конкретни индикации дека може да се постигне значаен напредок, изјави портпаролот на германската влада, Штефен Хебештрајт.

В петок, украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс на маргините на конференцијата. Таму ќе присуствуваат и специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог, и државниот секретар Марко Рубио.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус исто така предупреди на умерени очекувања: „Сè уште не го гледаме крајот на тунелот“, изјави тој за информацискиот портал Table.Briefings, пренесува ДПА.

Хебештрајт повтори дека германската влада останува на ставот дека „Украина мора сама да одлучи кога и како ќе почне преговори со Русија“.

– Наједноставниот начин да се стави крај на војната е рускиот претседател да ги повлече своите трупи и да ја запре оваа кампања, која веќе однесе стотици илјади животи и предизвика огромни разурнувања, додаде

Back to top button
Close