Велика Британија ја интензивира поддршката за Украина

Велика Британија мора да ја стави Украина во најсилната можна позиција, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер.

Тој додаде дека поддршката од британската Влада за Украина е значајна „исто колку и на почетокот на конфликтот“.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили на денешната средба на Контакт групата за прашањата за одбрана на Украина најави нов пакет помош за Украина во висина од 150 милиони фунти. Помошта се состои од беспилотни летала, тенкови и системи за противвоздушна одбрана., како дел од годишниот ангажман на Лондон.

Тој истакна дека „2025 е критична година за војната во Украина“.

– Украинците продолжуваат да се борат со огромна храброст, и воена и цивилна, а нивната храброст, во комбинација со нашата поддршка, се покажа како судбоносна комбинација, наведе Хили.

Тој апелираше да се зголеми помошта за Украина бидејќи „иако Русија е ослабена, таа и понатаму е опасна“.

Хили истакна дека Велика Британија од почетокот на руската инвазија врз Украина испрати 500.000 парчиња муниција, во вредност од над една милијарда фунти, а предвидено е да достави повеќе од 10.000 беспилотни летала во рок од една година.

Back to top button
Close