Двојно убиство во Босна и Херцеговина: Маж си ги убил сопругата и 13-годишниот син, полицијата трага по него

Двојно убиство се случи вчеравечер во Калесија, североисточна општина во Босна и Херцеговина, пренесува „Н1 БиХ“. Полицијата ги пронашла телата на жена и нејзиниот 13-годишен син, а осомничен за убиствата е нејзиниот сопруг и татко на детето.

Осомничениот за убиствата, како што соопшти босанската полиција, е во бегство.

Телата се пронајдени во станбен објект, а според неофицијални информации мажот и жртвата биле формално разведени, но живееле заедно.

Портпаролот на обвинителството на кантонот Тузла, Адмир Арнаутовиќ, изјавил дека според првичните информации, жртвите веројатно биле убиени со давење.

„По завршување на истрагата ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите. Но, според првичните информации, тие најверојатно биле убиени со давење“,изјави Арнаутовиќ.

Потврди и дека осомничен за двојното убиство е сопругот на убиената жена и и татко на момчето.

Тој е во бегство, а по него трагаат полициските власти во Босна и Херцеговина.

Убиството, како што потврдуваат од полицијата, се случило во семејниот стан на сопружниците во Калесија.

Полициските сили по дојава и со одобрение на кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд насилно влегле во станот и ги пронашле безживотните тела.

Back to top button
Close