Ломбард: Франција е против користењето на замрзнатите руски средства за Украина
Франција се противи на употребата на замрзнатите руски средства за финансирање на воените трошоци на Украина, изјави денеска францускиот министер за економија Ерик Ломбард.
„Запленувањето на замрзнатите руски средства и нивното користење за финансирање на европските воени трошоци би било спротивно на меѓународните договори. Ставот на Франција е дека овие руски средства припаѓаат на Централната банка на Русија“, изјави Ломбард за Франс инфо.
Тој додаде дека овој имот може да се користи како дел од решавање конфликти, но дека „не може да се конфискува“.
„Каматата генерирана од руските фондови веќе е искористена за финансирање на заемот доделен на Украина“, истакна францускиот министер.
Според него, ваквите постапки се спротивни на меѓународните договори потпишани од Франција и Европа