Одново почна судењето за набавката на луксузното „Ауди“ за струшкиот градоначалник Мерко

Со изведување докази и сослушување сведоци во Основниот суд во Струга денеска повторно почна од почеток судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга. Судењето за поставеното спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда беше одложена поради здравствени причини на обвинителот кој го застапува предметот.

Расправата за набавката на луксузниот автомобил почна од почеток поради промената на судечкиот судија, кој на претходното рочиште побара време да ги разгледа списите за случајот. Иако одбраната достави приговор за застареност на делото, тоа беше одбиено од страна на претходниот судечки судија, а истото го прифати и новиот судија Јордан Јованов. Според него, решението останува во сила, бидејќи има прекин на застареност.

– Со оглед дека веќе претходно беше донесено решение од колешката, која го водеше предметот дека не се прифаќа приговорот, јас повторно ја донесов истата одлука, бидејќи сметам дека има прекин на рокот на застареност. Од тие причини распрвата ја отворивме и одново ја почнавме со изведување докази, изјави Јованов.(Alsat)

Back to top button
Close