Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се преземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати
СДСМ повторно се служат со лаги и невистини. Вработените во Државниот инспекторат за труд да не се грижат, објави на својот Фејсбук, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на обвинувањата на СДСМ дека вработените во Државниот инспекторат за труд работат на црно.
-Согласно измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, Министерствата се должни најдоцна во рок од 3 месеци од денот на влегување во сила на Законот да ги превземат правата и обврските со превземањето на Инспекторатите. Исто така согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.22/25, a се преземаат во министерствата во чии рамки продолжуваат да работат во овој случај сите вработени од Државниот инспекторат за труд а согласно Одлука за преземање на вработени по сила на закон се одјавени на 28 февруари 2025 година, а ќе бидат пријавени како вработени во Министерството за економија и труд со 1 март 2025 година, односно немаат прекин на работниот однос и нема да имаат, вели Дурмиши.
Бидејќи се работи за обемна бројка како и одјави кои треба да се процесуираат по градови потребно е време, како што вели министерот, сите податоци односно одјави пријави се доставени во АВРМ и започнато е со одјава па потоа со пријава поединечно за секој вработен.
Дурмиши информира дека на вработените во Државниот инспекторат за труд денеска им беа исплатени платите за месец јануари 2025 година, додека платата за месец февруари ќе биде исплатена во законски утврдениот рок до 15 март.