Романија прогласи двајца руски дипломати за перосна нон грата

 – Романските власти одлучија да ги прогласат воениот, воздушен и поморски аташе на Руската Федерација во Букурешт, како и неговиот заменик, за непожелни лица на територијата на Романија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на оваа земја.

Според извештаите, Букурешт ја донел оваа одлука затоа што руските функционери наводно извршувале активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, пренесува агенцијата Аџерпрес.

Руските медиуми пренесуваат дека руското Министерство за надворешни работи соопштило дека „Русија ќе даде соодветен одговор“.

Back to top button
Close