(ВИДЕО) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера, на денот Пепелница или Чиста среда, што го означува почетокот на постот за христијаните, се појави на Фокс њуз со крстот на челото.

Христијанската традиција налага дека на Пепелница свештеникот ги попрскува главите на верниците со пепел или им прави крст на челата со пепел. Во христијанската традиција, посипувањето со пепел означува покајание и подготвеност за нов живот.

Родителите на Марко Рубио емигрирале од Куба во САД во 1956 година, две години пред да дојде на власт Фидел Кастро. Наскоро тие се приклучиле на мормонската црква. Католичките медиуми во САД јавуваат дека тие подоцна ја напуштиле мормонската црква на барање на нивниот син и се вратиле во католицизмот.

Рубио се покрстил и се оженил во Католичката црква, но подоцна, заедно со неговата сопруга, станале членови на евангелистичката мегацрква. Во следните години, како што изјавил, почнал да копнее по светата тајна причест, па се вратил во Католичката црква.

Back to top button
Close