Јандроковиќ до пратениците: Вреди да истраете на патот кон ЕУ

„За жал и по пет години вашите преговори сè уште не се формално отворени. Тоа не е коректно. Имајќи го тоа предвид, го разбираме нетрпението на вашите граѓани. Хрватска високо ги цени вашите постигнувања и смета дека заслуживте многу поголем напредок и ќе ве поддржи на европскиот пат“, рече претседателот на хрватскиот парламент

Евроинтеграциите на земјава беше една од темите на кои се осврна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ во неговото обраќање пред пратениците во македонското Собрание.

 

 

Од пречекот на претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ / Фото: Собрание на РС Македонија

Во таа насока, тој изрази надеж дека партнерството меѓу двете змеји во НАТО ќе биде надградено и со членството на Северна Македонија во Европската Унија.

 

Тој како некоректно го оцени тоа што и по пет години преговорите на земјава со Европската Унија не се отворени по поглавја и кластери и ја нагласи подготвеноста на Хрватска да ја поддржи земјава на европскиот пат.

 

Говорејќи за патот на неговата земја кон ЕУ и искуството за кое рече дека исто така било напорно, неговата порака до македонските народни избраници беше дека треба и вреди да истраат.

„Нам, во Хрватска, ни е важно што одлуката за отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија беше донесена за време на нашето претседавање со Унијата во март 2020 година. Но, за жал и по 5 години вашите преговори сè уште не се формално отворени. Тоа не е коректно. Имајќи го тоа предвид, го разбираме нетрпението на вашите граѓани. Хрватска високо ги цени вашите постигнувања и смета дека заслуживте многу поголем напредок и ќе ве поддржи на европскиот пат. И ние поминавме многу напорен пат до членството, и врз основа на нашето искуство, ви велиме дека треба да истраете“,порача претседателот на Хрватскиот сабор

Back to top button
Close