Скандинавските земји отворени за предлогот на Макрон за нуклеарно одвраќање

Предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон Европа да биде заштитена под францускиот нуклеарен чадор беше дочекан со претпазливост, но и со подготвеност за дебата од страна на лидерите на скандинавските земји, кои традиционално се резервирани во однос на нуклеарното вооружување, посочуваат француските медиуми.

– Сè во моментов треба да биде на маса, изјави данската премиерка Мете Фредериксен за националната новинска агенција Рицау при пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел.

 

– Ова не е нешто на што работиме, но нема да кажам ‘не’ на туѓи идеи, додаде таа.

 

Синоќа Макрон изјави дека сака да иницира „стратешка дебата“ за европската одбрана под францускиот нуклеарен чадор, нагласувајќи дека одлуката за евентуален напад „секогаш ќе биде во рацете на францускиот претседател“.

 

– Како и повеќето луѓе, Шведска сака да има што е можно помалку нуклеарно оружје, но во моментов треба да бидеме среќни и благодарни што двајца од нашите соседи (Франција и Велика Британија) имаат нуклеарно вооружување, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Тој предупреди дека „во спротивно, само Русија би имала нуклеарно оружје“.

Лидерите на 27-те земји на ЕУ денеска се собраа на вонреден самит во Брисел, чија цел е зајакнување на европската одбрана, во контекст на растечките тензии и замрзнувањето на американската воена помош за Украина од страна на Доналд Трамп

Back to top button
Close