Не помагаат апелите на МВР, повторно старица наседна на измама за лажна сообраќајка

МВР информира дека вчера претпладне во 11.50 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 618.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете-мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МВР апелираше да не се потпаѓа на измамите кои се насочени кон повозрасни лица

Back to top button
Close