Хамас: Заложниците може да бидат убиени во нови борби
Палестинската милитантна организација Хамас ја предупредува израелската војска дека заложниците држени во Појасот Газа би можеле да бидат убиени во случај на нови воени операции, јави ДПА.
-Секоја ескалација на агресијата против палестинскиот народ може да доведе до убиство на голем број од тие луѓе кои сè уште се држат во заробеништво во Газа, рече портпаролот на Хамас, Абу Обаида во видео-обраќање. Тој истакна дека ќе го смета Израел за одговорен за смртта на заложниците, како и за непридржувањето до договорот за Газа.
Според израелските информации, исламистите во Појасот Газа се уште држат 24 заложници и 35 тела на киднапираните.
Според израелски извори, меѓу живите заложници е и еден млад војник кој има и израелска и германска националност. Дополнително, приведени се еден тајландски државјанин и телата на уште неколку странци.
Заложниците кои се ослободени пријавиле глад и малтретирање од страна на Хамас и другите исламисти. Семејствата на киднапираните стравуваат дека времето за преостанатите живи заложници истекува