Во Белград нападнат министерот за култура на Србија
Дел од медиумите во Србија пренесуваат дека министерот за култура, Никола Селаковиќ синоќа бил нападнат во Белград. Нападот се случил во близина на Црвениот крст, а Селаковиќ веднаш се упатил во болница.
Селаковиќ рекол дека бил нападнат од зад грб од непознато лице.
„Одзади ме нападна непознато лице, човек кој никогаш не сум го видел. Отидов да ги посетам моите родители пред 22 часот. Тој употребуваше навреди, пцуеше и зборуваше како ќе “не набие” нас, СНС. Употребуваше вулгарни и непристојни изрази. Ми пријде одзади, а кога се свртев да разговарам со него, ме удри и побегна. Ме удри во главата, по левата страна од носот и ме рани” рече министерот Селаковиќ