ГАЛЕРИЈА: Најдобрите транспаренти и скандирање на денешниот Марш за женски права
“Жени живот слобода”, “”Не ти правам ручек, прави си го сам”, „Нека јадат ружи”, рекоа на денешниот марш по повод 8 Март. Организатор на маршот е Платформата за родова еднаквост, а се одржа под мотото „Нека јадат ружи“. Присутните маршираа од пред Универзална сала, по булеварот Партизански одреди, покрај Владата и преку мостот „Гоце Делчев“ до паркот Жена борец.
„8-ми Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А, во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената. Токму затоа, велиме не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија“, рекоа од Платформата за родова еднаквост
Во продолжение дел од најдобрите транспаренти и пораки:


Фото: Либертас





