ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски од СДСМ застанува против САД

(Стево) Пендаровски не е кој било од СДСМ, неговиот став во исто време ја покажува и фрустрацијата на оваа партија кон ВМРО-ДПМНЕ и кон успешноста со која Владата се позиционираше до САД. Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ е верен партнер на САД, а придобивките за државата допрва ќе се гледаат, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната изјава на Пендаровски.

Тие остро го нападнаа Пендаровски, велејќи дека неговите изјави претставуваат јасен доказ дека СДСМ го напушта својот прозападен курс. Тие велат дека неговите ставови ја отсликуваат новата политичка ориентација на СДСМ, која се дистанцира од САД.

„Пендаровски од СДСМ со директни навреди кон Трамп и кон САД, дефинитивно СДСМ го напушти прозападниот курс.

Ако Орданоски беше случајност, Пендаровски од СДСМ покажува дека е тенденција. СДСМ силно застанува против САД, ако Орданоски го кршеше ледот, Пендаровски сега јасно кажува дека СДСМ е против САД. Сега станува јасно дека СДСМ лажно се претставувале како прозападни, а со нетрпение чекале момент да свртат курс.

Пендаровски не е кој било од СДСМ, неговиот став во исто време ја покажува и фрустрацијата на оваа партија кон ВМРО-ДПМНЕ и кон успешноста со која Владата се позиционираше до САД. Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ е верен партнер на САД, а придобивките за државата допрва ќе се гледаат.

Македонија е на вистинскиот пат, а СДСМ како и секогаш досега е против Македонија“, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close