(ВИДЕО) Пелагонија гори, црн чад се движи кон Прилеп, никој не презема ништо
Возачи кои сoобраќаат на релција Битола – Прилеп ни испратија видео материјал од кој се гледа како активно горат повеќе стрништа низ Пелагонија, а ветрот го носи чадот директно кон Прилеп.
На терен не се забележани ниту противпожарни возила, ниту пак други служби со било каква интервенција, а стрништата и натаму се во пламен.
Запалените стрништа се директен причинител на енормното загадување на воздухот, а Македонија е на врвот на листата на европски земји со смртни случаи предивикани од загаден воздух. (Трн.мк)