ВМРО-ДПМНЕ: Владата не може да го објави договорот за паркингот на Клинички затоа што не постои
Владата не може да го објави договорот од едноставна причина бидејќи договорот за паркингот на Клинички не постои, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на СДСМ на која опозицијата повика владата да го објави договорот за јавно-приватно партнерство со кој албанската фирма „Ѓока Констракшн“ ќе го добие правото да изгради 2 катни гаражи на Клинички центар и да има профит од 99 проценти од наплатата и приходот.
– СДС свесно ја манипулира јавноста околу паркингот кај Клинички. Иако знае дека нема никаков договор, СДС продолжува со манипулација врз граѓаните. Она што СДС го знае и треба да одговори е: Колку чинеше осмомартовскиот панаѓур на СДС? Од каде парите за 60тина автобуси кои патуваа празни кон Струмица? Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите украдени од Заев? Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите од фотоволтаиците на Ковачевски?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.