Најкористените шест услуги од Катастар се веќе достапни електронски, вели Андоновски
Граѓаните можат електронски да аплицираат и да ги добијат шесте најкористени услуги на Агенцијата за катастар, меѓу кои и вадење имотен лист на веб порталот uslugi.gov.mk како резултат на соработката на Агенцијата со Министерството за дигитална трансформација, вели министерот за дигиотална трансформација Стефан Андоновски.
-Најкористените шест услуги од Агенцијата за катастар со добра соработка помеѓу двете институции, се веќе достапни на порталот услуги.гов.мк. што значи извод од катастарски план, катастарски проект, урбанистички проект, проект на градба и имотен лист како најкористена услуга од Катастарот, се веќе достапни на порталот. Освен на порталот тие ќе бидат достапни за користење и во сите центри за услуги кошто ги имаме, изјави Андоновски на новинарско прашање на денешната прес – конференција.
Тој информира дека отворени се два нови центи за услуги во Јегуновце и во Аеродром, а најави дека ќе бидат отворени уште пет наредните три месеци, што значи граѓаните на шалтерите на овие центри за услуги на Министерството за дигитална трансформација, ќе имаат можност да ги ползуваат услугите на Катастарот.
-Станува збор за поврзување меѓу двете институции и во наредниот период сите услуги коишто Катастарот ги нуди електронски освен овие шест, исто така ќе бидат достапни за граѓаните. Фокусот беше на овие шест, затоа што се најкористени, па потоа ќе ги поврзуваме и сите останати, рече министерот Андоновски.
Во однос на центата на услугите, кажа дека нема никаква разлика во сумата, се вади електронски документ со кју ар код, електронски печат, птопис и времен жиг и на тој начин секој граѓанин може да ја провери валидноста на документот којшто му е издаден. Со измените на законот коишто беа донесени во јануари, годинава, веќе тој документ може да се користи во секој правна постапка во државата, рече министерот Андоновски.