Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола

 

– На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.

Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С. (42) од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.

Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close