Барселона прв четвртфиналист во Лигата на шампиони
Барселона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампиони, откако вечерва ја совладаа Бенфика на домашен терен со 3-1 (3-1) во реванш осминафиналниот дуел.
Барселона, која минатата недела триумфираше на гостувањето во Лисабон со 1-0, втор пат беше поуспешна од Бенфика, извојувајќи заслужена победа со головите на Рафиња (11 минута, 42) и Јамал (27).
Почесниот гол за Бенфика го постигна Отаменди (13).
Вечерва ќе бидат познати уште три четвртфиналисти во Лигата на шампиони, по одигрување на реванш осминафиналните дуели меѓу Баер Леверкузен – Баерн Минхен (0-3 по првиот натпревар), Интер – Феенорд (2-0) и Ливерпул – ПСЖ (1-0).