Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека не исклучува можност за контакти со претставници на САД во наредните денови.
Оваа најава доаѓа по денешните разговори меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија, како и по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека очекува разговор со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела.
Трамп, зборувајќи пред новинарите пред Белата куќа, изрази надеж дека во наредните денови ќе биде договорен целосен прекин на огнот.