Милевски утре го соопштува списокот повикани фудбалери за стартот на мундијалските квалификации

– Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски утре попладне ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за воведните мартовските дуели против Лихтенштајн и Велс во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Македонските фудбалери ќе ги почнат мундијалските квалификации на гостински терен против Лихтенштајн во Вадуз на 22 март (15 часот), а три денови подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ (20:45 часот) во Скопје ќе го пречекаат Велс.
Покрај мартовските противници на Македонија во квалификациската група Ј се и селекциите на Белгија и Казахстан со кои избраниците на Милевски ќе се соочат во јуни.

Back to top button
Close