(ВИДЕО) Трамп купи „тесла“: Ќе ја вози персоналот на Белата куќа, јас не смеам да возам

Зборувајќи со Илон Маск кој му го подаде автомобилот, тој рече дека купува „тесла“ бидејќи е одличен производ и затоа што Маск „ја посветил својата животна енергија на ова“.

EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп купи автомобил „тесла“, модел С. Ова може да се заклучи од неговата објава на социјалната мрежа Трут сошал.

Имено, Трамп објави видео на кое се гледа како влегува во црвен автомобил „тесла“ пред Белата куќа.

„Ох, прекрасно е. Леле“вели Трамп додека влегува во автомобилот.

Трамп додаде дека лошата вест е оти не смее да вози.

„Лошата вест е што не смеам да возам затоа што долго време не сум возел автомобил. А сакам да возам автомобили. Ќе имам (автомобил) во Белата куќа и ќе дозволам персоналот да го користи. Не ми е дозволено да го возам, можете ли да верувате?“рече американскиот претседател

Back to top button
Close