Објавен јавниот оглас за прием на 300 нови професионални војници
Денеска е објавен јавниот повик за прием на 300 професионални војници 10 подофицери во македонската Армија, напиша на социјалните мрежи, министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Сакам да најавам дека денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин. Ова е навистина одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните“, вели Мисајловски во својата објава.