Tаткото на убиената Вања плачеше и се тресеше, додека Манев раскажуваше како ја грабнале и убиле неговата ќерка

Додека траеше сведочењето на Велибор Манев, обвинет за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, му се слоши на обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој е татко на убиената Вања.

Ова се случи додека Манев раскажуваше како е грабната Вања, кој бил планот, но и како е убиена. Манев до најситен детал го раскажуваше планот.

По ова трауматично сведочење, таткото на Вања се вознемири, почна да плаче, по што судењето се прекина за кратко.

Емоција можеше да се забележи и кај Манев, кој се сврте со грб, ја наведна главата, но без никаква реакција во текот на целото судење е првообвинетиот Палевски.

Судијата даде пауза, а Ѓорчевски беше изнесен и вратен во судницата. Му беа дадени медикаменти.

Судењето ќе продолжи. (Skopje1)

Фото: архива

Back to top button
Close