Пред да ја грабнат Вања, Палчо сакал да го киднапира директорот на Гранит, а потоа 38-годишна ќерка на сопственик на веледрогерија
Во продолжение на денешното судење за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека по доаѓањето во Скопје и довезувањето на „ситроенот“ на убиениот Панче Жежовски, сакале со Боре Видевски да заминат од Скопје.
Потоа тој сведочеше дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо сакал да киднапираат уште две лица, директорот на „Гранит’, како и ќерка на сопственик на веледрогерија, пренесе СДК.
…
Претходно Палевски спомнуваше повеќе личности за киднапирање. Едната личност, беше директор на ‘Гранит’. Потоа се одлучи за жена, ќерка на некој од фармацевтскиве куќи. Ја следел кога излегува, каде работи, ја сликал. Жената навистина изгледаше на 38-годишна возраст и не личеше на дете”, сведочеше Велибор Манев.
По неуспешните киднапирања, дошол 27.11.2023 година, денот на грабнувањето и убиството на Вања.
…