Трамп ја предупреди Москва со санкции доколку не го прифати 30-дневниот прекин на огнот во Украина

„Русија нема друг избор освен да го прекине огнот. Доколку е потребно, ќе ги санкционираме, но се надевам дека нема да мораме“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика Русија да се согласи на 30-дневниот прекин на огнот во војната со Украина, предупредувајќи ја Москва дека ќе воведе дополнителни санкции доколку го отфрли предлогот.

„Русија нема друг избор освен да го прекине огнот. Доколку е потребно, ќе ги санкционираме, но се надевам дека нема да мораме. Во финансиска смисла, можеме да направиме многу непријатни, многу лоши работи, катастрофални за Русија, но јас не го сакам тоа“рече Трамп во изјава за новинарите во Белата куќа.

Додаде дека добил позитивни пораки во врска со прекинот на огнот, но додава оти позитивна порака не значи ништо. Прашан дали верува дека рускиот претседател ќе се придржува до прекинот на огнот, со оглед на тоа што го прекршил во минатото, Трамп вели:

„Сè уште не сме разговарале со него суштински. Ќе дознаеме многу наскоро. Добив неколку позитивни пораки, но позитивна порака не значи ништо. Ова е многу сериозна ситуација. Ова е ситуација што може да доведе до Трета светска војна. Сега зависи од Русија. Се надеваме дека можеме да добиеме прекин на огнот од Русија.“

Откако САД и Украина постигнаа начелен договор за 30-дневно примирје, вчера со прва реакција по однос на ова прашање се произнесе официјална Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва внимателно ги проучува изјавите од Џеда, каде што САД и Украина се договорија за прекин на огнот, но соопшти дека нема да извлекува предвремени заклучоци пред да добие официјални информации од Вашингтон.

Пристигна првата реакција на Кремљ за договорот меѓу Украина и САД: Не сакаме да донесуваме предвремени заклучоци

Во меѓувреме, од Белата куќа соопштија дека пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе биде во посета на Москва во текот на оваа недела.

Back to top button
Close