СДСМ: ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Соопштение на СДСМ

Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски.

Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Правда мора да има!

 

Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е Државен секретар во министерството на Андоновски, добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.

 

Ова е очигледен случај на судир на интереси и основано сомнение за корупција. ОЈО мора вендша да отвори истрага.

Тендерските мрежи на ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.

СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот!

 

Back to top button
Close