Руте му оддаде признание на Трамп за зголемените воени трошоци во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во зголемувањето на воените трошоци на членките на Алијансата, за време на нивната средба во Белата куќа.

– Мислам дека тие сакаат да работат со вас во пресрет на следниот самит, за да обезбедиме силно НАТО, обновено под вашето лидерство, му порача Руте на Трамп.

Генералниот секретар го истакна и планот на Европската комисија вреден 800 милијарди евра за вооружување, како и неодамна преземените обврски на Велика Британија и Германија за зголемување на воените трошоци.

Руте го изјави ова откако Трамп минатата недела ја критикуваше НАТО за недоволно издвојување средства за одбрана. Тој дури и го доведе во прашање американскиот ангажман за колективна одбрана, темелот на Северноатлантскиот договор.

Сепак, според податоците од минатата година, 23 од 32 членки на Алијансата веќе ја постигнале целта за воени трошоци од 2 отсто од БДП, што беше утврдено како минимум.

Трамп денеска повторно изјави дека оваа промена се должи на неговите закани од првиот мандат:
– Јас едноставно реков – нема да се занимаваме со вас ако не плаќате. Парите почнаа да се влеваат, и сите станаа многу посилни поради мене, рече Трамп

Back to top button
Close