Мицкоски за односите со Бугарија: Почекајте, да не брзаме, за танго се потребни двајца

За танго се потребни двајца, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со односите со Бугарија и одлуката на тамошната Влада да се прекине со железничкото поврзување поврзувањето со Северна Македонија.

Мицкоски посочи дека треба да се почека, бидејќи се уште не се знае дали ќе има договор или нема да има. – Наша задача е да работиме. Сега дали ќе има договор – за танго се потребни двајца. Треба да видиме и од другата страна како функционираат, рече премиерот.

За Коридорот 8 и за однесувањето на бугарската страна, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ одамна го комуницирало тоа со јавноста и дека сега дури и заклучоците на новинарите и медиумите се дека попусто ќе се трошат парите.

L

– Дури и вашите заклучоци се во тој стил дека за џабе е да ги трошиме парите, ама ние кога го зборевме тоа „ана види ги овие вмровциве што прават“. Е сега што правиме, праша Мицкоски.

На прашањето што ќе правиме со парите наменети за железницата, тој рече дека треба да се почека и оти не треба да се брза.

– Знаеме точно што правиме, нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на граѓаните и државата, тоа да бидете сигурни, уверува Мицкоски

Back to top button
Close