Универзитетот „Џон Хопкинс“ отпушта 2.000 вработени – без парите од УСАИД невозможно е да се работи

Универзитетот „Џон Хопкинс“ денеска објави дека ќе отпушти повеќе од 2.000 вработени во САД и во странство, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја намали поддршката од 800 милиони долари за реномираната институција.

Ова е најголемото отпуштање во историјата на овој прв американски истражувачки универзитет и влијае на 247 вработени во САД и уште 1.975 луѓе во 44 земји низ светот.

„Го направивме возможно прочистувањето на водата, бевме пионери на полето на генетскиот инженеринг и ја потврдивме автентичноста на свитоците од Мртвото Море. Ги измисливме сахаринот, CPR и суперсоничниот млазен мотор. Нашите напори резултираа со закони за безбедност на детските седишта, изум на Драмамин, Мербромин.

„Џон Хопкинс“, меѓу другото, ја создаде најнапредната протетичка рака контролирана од мислата, испрати вселенско летало во орбитата на Меркур и за прв пат успешно слета на астероид, го разви првиот ефикасен лек за српеста анемија и човечкиот имунитет на убоди од пчели, се наведува на неговата веб-страница.

Кратењата ќе влијаат на одделот за јавно здравје на Блумберг, неговото медицинско училиште и поврзаната меѓународна здравствена асоцијација Jhpiego.

„Ова е тежок ден за целата наша заедница. Прекинувањето на финансирањето на УСАИД во вредност од повеќе од 800 милиони евра сега нѐ принудува да ја намалиме основната работа овде во Балтимор и ширум светот“, се вели во соопштението на Универзитетот  (nezavisen.mk)

Back to top button
Close