Во договор со таткото ја држел сестра си затворена дома, полицијата го приведе
Полициски службеници од ОВР Гостивар на 13 март 2025 година во 23:30 часот го лишиле од слобода 21-годишниот Д.М. од Гостивар, по пријава од неговата 25-годишна сестра, дека, тој, во договор со нивниот татко кој се наоѓал со работа во странство, подолг период противправно ја држел затворена и не ѝ дозволувал да излегува од семејниот дом.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.