Сообраќајка во скопската населба Влае – се судрија два автомобили и мотор

Сообраќајка несреќа се случи вечерва околу 19 часот на улицата „Ацо Шопов“ во скопската населба Влае, во близина на бензиската станица „Лукоил“.

Затворени се околните улици што одат кон потегот на улицата каде сее случи сообраќајката.

Од местото на несреќата / Фото: „360 степени“

Од фотографиите испратени до редакцијата на „360 степени“, се гледа дека учесници во сообраќајката се два автомобили и еден мотор.

Според очевидците на местото на сообраќајката, на местото на несреќата пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полицијата.

„Од она што го видовме повреден е возачот на моторот, кој веднаш е пренесен во амбулантно возило“,велат очевидците на несреќата.

Back to top button
Close