АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира деја минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна, при што утврдени се недоследности кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба, изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна.
Кај седум од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле означени (декларирани) на македонски јазик.
АХВ инфомира дека, кај осум оператори со храна утврдено е дека вработените немале санитарни книшки, односно биле затекнати без задолжително спроведен здравствен преглед. Кај еден од операторите кај кој е спроведен инспекциски надзор, АХВ утврдила дека врши недозволено препакување на производи од животинско потекло.
Инспекциските служби на АХВ, минатата недела во Скопје, при спроведен вонреден надзор, затворија нелегална работилница за производство на производи од месо. Нештетно уништија околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок, како што информираат, работа без одобрение од АХВ и ставање во промет на небезбедни производи, на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна.
При друга спроведена вонредна контрола, од физичко лице, одземени се и 50 килограми производи од месо со непознато потело. Производите се продавале на отворено, без потребен температурен режим. За сторениот прекршок, на физичкото лице изречена му е парична казна, а одземените небезбедни производи од месо нештетно се уништени.