Германски болничар обвинет за девет убиства и 34 обиди за убиство

Медицински техничар од Германија, кој веќе е обвинет за повеќе убиства и обиди за убиство на пациенти во една палијативна клиника, сега се соочува со дополнителни обвиненија, јави ДПА.

Обвинетиот 44-годишен маж, според обвинителството, убил најмалку девет пациенти и се обидел да убие уште 34, предозирајќи ги со лекови против болка и седативи.

Неговата наводна цел била да си ја олесни работата и да има помирни ноќни смени. Во некои случаи, тој повеќепати се обидувал да убие исти пациенти, се наведува во обвинението.

Случаите се случиле помеѓу декември 2023 и мај 2024 година. Судскиот процес за првите 30 обвиненија треба да започне на 24-ти овој месец, но не е јасно дали новите случаи ќе бидат вклучени во истиот судски процес.

Back to top button
Close